Зошто никако не треба да се загрева автомобилот во место за време на зимата

 Breaking News

Зошто никако не треба да се загрева автомобилот во место за време на зимата

Зошто никако не треба да се загрева автомобилот во место за време на зимата
November 20
17:59 2017

Кога температурите ќе се спуштат под нулата, како деновиве во Македонија, често во утринските часови може да се слушне бучава од автомобили што работат во лер

Експертите истакнуваат дека станува збор за стара навика од времето кога автомобилите имаа мотори со карбуратори. Тогаш загревањето на моторите при ниска температура на воздухот пред придвижување имало смисла. Денес поновите модели имаат електронско вбризгување на горивото.

Сензорите ја мерат надворешната температура и системот ја приспособува работата на моторот па се смета дека е доволно моторот да работи само 30-тина секунди пред тргнувањето. Потоа може да се започне со возењето бидејќи моторот побрзо ќе ја достигне работната температура доколку возилото е во движење, отколку кога моторот работи во лер, тврдат од американската Агенција за заштита на животната средина.

Освен бучавата што ги вознемирува соседите, за животната средина се многу поопасни издувните гасови што ги испушта автомобилот при продолженото работење во место. Американско истражување од 2009 година покажало дека работата на автомобилските мотори во лер предизвикува 1,6 отсто од вкупната емисија на гасовите одговорни за ефектот на стаклена бавча.

За време на зимата попријатно ни е да седнеме во топла кабина отколку да се смрзнуваме при возењето додека да се загрее автомобилот.

Сепак, имајте предвид дека беспотребната работа на вашиот автомобил во лер директно влијае врз квалитетот на воздухот што го дишете и дека е подобро да се издржи малку студ отколку дополнително да ја загадуваме животната средина.

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment