Зимата се враќа: Снег и драстичен пад на температурите

 Breaking News

Зимата се враќа: Снег и драстичен пад на температурите

Зимата се враќа: Снег и драстичен пад на температурите
January 21
10:29 2018

Времето денеска облачно и постудено, околу пладне и попладне со повремени врнежи од дожд, а на планините со снег, информираат од УХМР.

Повеќе врнежи ќе има во западните делови, а во вечерните часови врнежите ќе се поместат на исток.

Поради нагло заладување проследено со засилен северен ветер, кон крајот на денот врнежите ќе поминуваат во снег и на повисоките места, а во текот на ноќта провејување на снег е можно понекаде и во пониските делови на крајниот север и на крајниот исток од земјава.

Утре се уште ќе има провејување на снег во северните и источните делови, а преку денот ќе биде суво, студено и ветровито со силен северен ветер.

Related Articles