Животни приказни – Лутата мајка
„Јас работев толку многу за да оставам добар впечаток на нивните невини души затоа што знаев дека нивните тела можеби се тенки, но нивните мозоци го апсорбираат секој момент, секој збор и секој гест. Јас не можам да оставам никој друг да ја заврши оваа работа. Важно е и јас тоа го знам. Јас не можам да го направам тоа перфектно, не без помош. Па поради тоа јас одам на психијатар за да ги „избркам“ моите демони и мојот бес. 45 минути се доволни. Па некогаш земам паузи: избегнувам вечера со пријателка и слично. Јас работам, а понекогаш толку многу до истоштеност. Си велам дека работата, мајчинството, е многу поважно од кариерата. Барем додека децата ми се мали. Се ова за да успеам да ги спречам моите деца да станат тоа што јас го знам за себе дека сум, а тоа е лута мајка.“
Поуката е: Треба храброст за да се биде искрен како оваа мајка, Карен Дал. А треба сила за да се признаат своите грешки. И потребно е да сте херој за да бидете добра мајка. Јас мислам дека таа е одлична мајка на своите деца.