Земјотрес денеска ја стресе Македонија, најмногу почуствуван во Охрид

 Breaking News

Земјотрес денеска ја стресе Македонија, најмногу почуствуван во Охрид

Земјотрес денеска ја стресе Македонија, најмногу почуствуван во Охрид
January 26
12:05 2018

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес на 26.1.2018 година во 11 часот и 12 минути регистрирaше земјотрес кој потекнува од охридското епицентрално подрачје.

Епицентарот на земјотресот беше на само 6 километри источно од Охрид во околината на селото Рамне.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.4 а беше почувствуван од населението во Охрид и неговата непосредна околина со интензитет III степени според Европската макросеизмичка скала.

Охрид минатата година беше мета на повеќе мали земјотреси. Серијата на овие мали земјотреси од минатото лето до денес е намалена, но сеуште стравот кај охриѓани владее.

Related Articles