Заев: Чинот на истурање боја врз Героски е закана и загрозување на неговата слобода

 Breaking News

Заев: Чинот на истурање боја врз Героски е закана и загрозување на неговата слобода

Заев: Чинот на истурање боја врз Героски е закана и загрозување на неговата слобода
September 20
16:36 2017

„Ги осудувам таквите дејствија кои се негативен сегмент во нашето слободно општество и апелирам да не се повторуваат“, напиша премиерот на Фејсбук.

„Слободното однесување не смее да загрозува ничија туѓа слобода. Во таа насока, сметам дека чинот на истурање боја врз новинарот Героски е закана и загрозување на неговата слобода и на неговата професија – новинар. Ги осудувам таквите дејствија кои се негативен сегмент во нашето слободно општество и апелирам да не се повторуваат. За слободата заедно се боревме и ја добивме. Но, имаме уште многу работа за нашата Македонија целосно да ја ослободиме од недемократските влијанија“.

Ова го напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук, откако претходно беше објавен видео-материјал од негова изјава во САД, каде што чинот на истурање на боја врз Героски премиерот го оцени како показ на слободата во Македонија. На ова реагираше Героски, со изјава на Фејсбук, во која, меѓу другото, напиша: „Во вистински слободна земја, после ваква недоветна изјава, премиерот јавно му се извинува на новинарот, кој е жртва на напад од една од најопскурните личности на денешната јавна сцена во Македонија“.

Заев доблесно ја исправи својата изјава, по што Героски му се заблагодари за исправката.

Related Articles