Заев: Ако нема мнозинство избори не ни бегаат, отворена е можноста за нови предвремени избори (видео)
Премиерот Заев вели дека Владата ќе постои се додека има мнозинство во Собранието.
Вели дека уште при формирањето на Владата се знаело дека мнозинството ќе биде тенко.
Доколку остане без него, Заев вели дека ќе се обиде со прегрупирање на силите.
Ако и таа опција не излезе, Заев вели дека избори не ни бегаат.
Сепак премиерот вели дека во 2018 пред неговата партија изборите не се ставени како приоритет.
Се додека има мнозинство во Собранието, без разлика колку тенко е тоа предвремени избори нема да има, изјави денеска во Прилеп премиерот Заев.
Сепак, тој ја остави отворена можноста предвремените избори сепак да се случат.
Потенцираше дека тоа веројатно нема да биде идната 2018 година, но не треба да биде изненадување доколку заедно со претседателските избори се организираат и предвремени парламентарни избори.
Тенкото мнозинството на СДСМ, ДУИ и останатите сателити во Собранието често прави проблеми кога законите ќе дојдат за гласање.
Така беше и вчера кога мораше пратеничка која е на боледување на биде донесена во Собранието за да се избере нов Јавен обвинител но и нови министри и заменици.