За да се одбранат од волци, со петарди в раце одат пеш на училиште и по шест километри

 Breaking News

За да се одбранат од волци, со петарди в раце одат пеш на училиште и по шест километри

За да се одбранат од волци, со петарди в раце одат пеш на училиште и по шест километри
November 15
22:08 2017

Четиринаесет основци од кумановското село Бајловце учат во никакви услови, немаат чиста вода за пиење, тоалет, ниту надгледни средства за нормална настава. Факултети.мк го посети училиштето и помина еден ден со учениците и нивните наставници.

Бисера и Мила секој ден стануваат во шест наутро, се облекуваат, ги ставаат ранчињата на грб и излегуваат од дома. Навидум сосема обична слика за ученици што одат на училиште. Но Бисера и Мила и уште десетина деца од неколку села од Општина Старо Нагоричане во зима мора да се „опремат“ и со петарди, и понекое стапче во малите смрзнати рачиња за да се одбранат од волци.

Низ планинските ридови, на непрооден терен, пешачат и по три километри во еден правец, додека да стигнат до локалниот пат. Оттаму е полесно, се качуваат во комбето кое ги носи до кумановското село Бајловце. Кога ќе завршат со настава, повторно ги чека истиот пат до дома.

 

 

Автомобил не врви до нивните домови

Лето или зима, пеколно жешко или смрзнувачка, овие дечиња за да стигнат на настава мора да пешачат и по шест километри на ден. Братче и сестричка од Аљинце мора да преминат и река за да стигнат до асфалтираниот пат.
– Скокаме на камчиња низ реката, не е голема – велат тие.
Нивните соученици доаѓаат и од Канарево, Жељувино, Облавце.
– Лани им текна да носат петарди за да се одбранат од волци. За среќа, досега не се случило нешто сериозно. Овие дечиња се мали херои – вели одделенската наставничка Љубица Симоновска, која 35 години работи во ова селско училиште.

Малиот Давид од Канарево храбро вели дека воопшто не му е тешко да оди на училиште.
– Во зима студи, потешко е кога ќе падне снег, но не ми пречи – вели тој.

Во време кога сите се мислиме дали да го однесеме своето дете на училиште кога роси, а школото не е оддалечено ни 500 метри, се прашуваме, како е можно мали дечиња во 21 век во Македонија да пешачат со километри секој ден и во олку сурови услови?
Ги прашуваме сите присутни во училницата. Нам не ни е јасно, но ним им е секојдневие. Едноставно автомобил не врви до нивните домови, вели учителката Љубица за Факултети.мк

– Таков е теренот. Селата се раштркани, една куќа на еден рид, друга на друг. Поделени се на маала. Пат до нивните домови нема. Затоа секое од нив пеш оди до локалниот пат, од каде што ги зема комбето или теренско возило. Нема друг избор. Зиме првачињата ги испраќаат некои од родителите, но сепак веќе од второ доаѓаат сами. Навикнати се веќе – вели Симоновска.

Таа се сеќава дека пред десетина и повеќе години, кога зимата знаела да биде многу сурова и имало и по неколку метри снег, наставниците преспивале во селото. Некои во училиштето, некои во куќите на жителите.
– Последниве години сме немале такви ситуации – вели таа.

Нема чиста вода за пиење, интернетот е луксуз

Покрај тешкотиите да стигнат дотаму, 14 ученици од шест села што учат во „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бајловце немаат ниту чиста вода за пиење. Раце мијат од пластична канта, користат полско веце, небаре живеат во среден век. Вода за пиење добиваат од донации, а купуваат и наставниците и родителите. Тука и тетратките, лектирите, боичките и атласите се луксуз. Ако некој им донира, ќе имаат. Немаат телевизор, ниту пак интернет, кои им се неопходни за современата настава во 21 век.

– Неопходно ни е да добиеме интернет бидејќи ИКТ-наставата го бара тоа. Имаме три компјутери, но немаме интернет-врска. Е-дневник пополнуваме дома. Да бидеме реални, пишуваме дека држиме настава согласно програмата, но како да предаваме така кога немаме услови. Ја запишуваме, а не ја предаваме – вели Мирјана Томиќ, одделенска наставничка.

Во малата наставничка просторија, во која неколку од наставниците го поминале работниот век, дел од нив ги отворија срцата и раскажаа дека со тешки маки се обидуваат да држат нормална настава која ја заслужува секое дете.

– Немаме географски карти, немаме атласи, децата немаат тетратки, лектири, прибор за цртање. Ако некој ни донира, ќе имаат. Сите доаѓаат од социјалнно загрозени семејства. На некои родители поважно им е да купат пиво отколку тетратка за детето. Тоа е реалноста – вели наставничката Симоновска.
Таа предава комбинирана настава. Во иста училница учат првачето Мила, вторачињата Никола и Бисера, Анастасија, која е трето, и четвртоодделенците Давид и Мери. Петар е петто одделение и учи сам, со неговата наставничка Томиќ. Останатите ученици учат во предметна настава.

Целиот текст прочитајте го „тука

Related Articles

5 Comments

  1. Sydney September 30, 14:15

    Hi, very nice website, cheers!
    ——————————————————
    Need cheap and reliable hosting? Our shared plans start at $10 for an year and VPS plans for $6/Mo.
    ——————————————————
    Check here: https://www.good-webhosting.com/

  2. 바카라 October 15, 16:39

    I am genuinely thankful to the holder of this website who has shared this great
    post at at this place.

  3. 더킹카지노 October 16, 10:15

    What a stuff of un-ambiguity and preserveness of precious familiarity about unexpected feelings.

  4. 더킹카지노 October 20, 15:17

    I don’t know whether it’s just me or if everyone else experiencing
    issues with your site. It looks like some of the text in your content are running off the screen.
    Can somebody else please provide feedback and let me know if this is happening to them as well?
    This could be a problem with my internet browser because I’ve had this happen before.

    Thank you

  5. Meridith October 24, 14:08

    This is a great tip particularly to those new to the blogosphere.
    Brief but very precise info… Many thanks for sharing this one.

    A must read post!

Write a Comment