Вработување во „ТЕЦ Неготино“ слободни 20 работни места, нето плата до 500 евра но и работа за 23,88 денари?

 Breaking News

Вработување во „ТЕЦ Неготино“ слободни 20 работни места, нето плата до 500 евра но и работа за 23,88 денари?

Вработување во „ТЕЦ Неготино“ слободни 20 работни места, нето плата до 500 евра но и работа за 23,88 денари?
February 14
12:09 2018

АД за производство на електрична енергија „ТЕЦ Неготино“ од Неготино објавува јавен оглас во дневен печат но со печатни грешки.

Поради тие грешки стигнаа и реакции на социјалните мрежи каде најгласни беа на локалната неготинска фејсбук страница, Неготино- Информации- Случувања.

Грешката е доста интересна, платата за работник на работно место „Контер“ изнесува 23,88 денари, што не е ниту едно пакетче мастики.

Дали грешката е намерна или не намерна останува да видиме во иднина, во прилог статусот:

„Добро утро Неготинци !!! Долго најавуваниот оглас за во ТЕЦ Неготино.

За жал има грешка во печатените весници на плата каде што пише бројките се згрешени може да видите поцртано е овој оглас пропаѓа.“

гласи статусот на фејсбук страницата Неготино- Информации- Случувања, каде има и објавено фотографија од огласот:

Термоелектроцентрала Неготино или скратено само ТЕЦ „Неготино“ — термоелектрична централа во близина на градот Неготино, во средишниот дел на Македонија.

Централата работи на мазут и служи како „ладна резерва“ во рамките на електропреносниот систем на Македонија.

Централата претставува втор електроенергетски објект по големина со расположива производствена моќност од 195 мегавати и максимална моќност од 215 мегавати.

Related Articles