Во Tирана на мала врата формирана „Голема Aлбанија“?

 Breaking News

Во Tирана на мала врата формирана „Голема Aлбанија“?

November 28
21:32 2016

Тирана, Приштина, Тетово, Улцињ и Прешево, формираа унија на албански општини во регионот, пишува танјуг, а пренесе агенцијата МИА.

По првпат, според тиранската телевизија топ чанел, се формира унија на главните општини раководени од албанци во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Оваа асоцијација, според декларацијата, има за цел создавање потребни механизми за меѓусебна соработка.

Пред неколку недели градоначалникот на Тирана, Ерјон Велиај ги примил градоначалниците на Приштина, Шпенд Ахмети, на Тетово, Теута Арифи, на Улциљ, Назиф Цунгу и на Прешево, Шќиприм Арифи кога е и договорено формирањето на унијата.

Првите луѓе на петте градови вчера попладне во пресрет на одблежувањето на денот на независноста на Албанија и денот на знамето, 28-ми  ноември, потпишале  платформа за соработка во областа на урбанизмот, животната средина, културата, инвестициите и иновациите.

Формирањето на унијата, кое во дел од јавноста се гледа како протнување на мала врата на идејата за „Голема Албанија“, доаѓа откако лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев најави кантонизација на македонија по примерот на Швајцарија. Ова, пак, според познавачите, е само првиот чекор до федерализација.

Според најавите, идната федерализација или кантонизација на државата има три фази, кои етапно ќе се воведуваат во следните неколку години. Со првата фаза е опфатена воведување на целосна двојазичност на целата теротироија на државата. Односно употреба на албанскиот јазик како официјален јазик, пред сѐ во безбедносниот сектор и во институциите, во полицијата и во армијата. Во втората фаза е предвидено поделба на државата по федерални единици, кантони, како и административно поврзување на тие единици. Третата фаза од распадот на државата е отцепување на делови преку локани референдуми на шесте кантони и нивно припојување кон соседни држави.

Идеите за канонизација или федерализација не се нови. Теренот за ова сценарио се подготвува подолго време, а како главна логистика на проектот се гледа на Сорос. За потсетување, минатата недела Владимир Милчин, доскорешниот прв човек на Сорос во македонија, беше е одликуван „за заслуги за унапредување на албанците“ од косовскиот претседател Хашим Тачи.

Емил Десподов

Related Articles