Во сабота ќе се знае кој ќе биде наследникот на Груевски, ќе одлучува Централниот Комитет на конгрес во Валандово

 Breaking News

December 07
10:14 2017

Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, овој викенд во сабота треба да ја потврди одлуката за вонреден конгрес, за констатирање на оставката на досегашниот лидер, Никола Груевски.

Партиските функционери воздржани, но во ВМРО-ДПМНЕ постојани координации и консултации и групирања во пресрет на брзиот состанок на највисокото партиско тело, кое по речиси 15 години треба да го прати Никола Груевски во партиската историја, пишува 24вести.

Според податоците на 24вести, новиот лидер на партијата овој викенд треба да се одржи во Валандово, а Христијан Мицковски, актуелниот генерален секретар, според партиските брифинзи е речиси извесен кандидат за нов претседател и неофицијално и фаворитот на лидерот.

Тука се и Илија Димовски, Никола Попоски, Антонио Милошоски, но засега никој не открива дали ќе ја бараат довербата за нов лидер.

По недела веќе се очекуваат кандидатурите.

Related Articles