Внимателно на превојот „Буково“ завеани комбиња и камиони, „Македонија пат“ на терен (фото)

 Breaking News

Внимателно на превојот „Буково“ завеани комбиња и камиони, „Македонија пат“ на терен (фото)

Внимателно на превојот „Буково“ завеани комбиња и камиони, „Македонија пат“ на терен (фото)
February 14
10:48 2018

Внимателно на планинскиот превој „Буково“ патот што од Охрид води кон Ресен.

На самиот пат на фотографиите се гледа како има завеано комбиња и камиони, кои иако имале синџири на своите тркала тие се во ендекот пролизгани.

Денеска екипите на „Македонија пат“ за помош на патот се обидуваа да ги извлечат и нормализираат сообраќајот.

Во групата „Ѕид на сообрќајниот срам“ се појавија неколку фотографии од местото на настанот. Погледнете:

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Поради снежна лавина кај манастирот Бигорски патниот правец Маврово- Дебар целосно е во прекин од 06:00 часот.

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Престанок на важноста на забраната за ТМВ на Ѓавато, нормализиран е сообраќајот од 07:00ч. Престанок на важноста на забраната зa TMВ на Пресека, нормализиран е сообраќајот од 09:00ч.Во 09:25 ч. престанува забраната за движење на ТМВ на патниот правец Ресен-Охрид преку превојот Буково.

ЗАБРАНИ ЗА СООБРАЌАЈ: Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на патните правци Струга – г.п. Ќафасан, Струга – Дебар, крак Маврово – Дебар, крак Стража – село Колари – Кичево. На патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси.

Related Articles