ВНИМАТЕЛНО – Ако пробувате тестери за шминки, може да добиете опасна болест!

 Breaking News

ВНИМАТЕЛНО – Ако пробувате тестери за шминки, може да добиете опасна болест!

ВНИМАТЕЛНО – Ако пробувате тестери за шминки, може да добиете опасна болест!
November 24
16:12 2017

Вообичаено при посетувањето на некои продавници каде што се продава шминка, многу жени ги пробуваат тестерите за шминка, но тие не се свесни за последиците кои може да ги имаат.

Дефинитивно живееме во свет во кој убавината е важна во одредена мера, а исто така се користат многу производи за нега и сопирање на староста.

Ѕвездите како Ријана или Кајли заработуваат многу пари на сопствените колекции на козметика, кои се продаваат, затоа што се привлечни.

Ако сакате шминка, сигурно барем еднаш сте пробале тестер да видите како некој производ би ви стоел, сепак микробиолозите имаат многу лоши вести за вас! Верувале или не, токму тестерите на шминки предизвикуваат ширење на болест како херпес или салмонела. Тестерите на кармин содржат плунка од некое друго лице која може лесно да пренесе херпес додека маските можат да пренесат коњуктивитис. Ниту четкичките кои други ги користеле, не е добро да ги користите, затоа што може да пренесат стафилококи или стрептококи.

Во Америка се повеќе жени поднесуваат обвиненија како поради некоја шминка добиле некоја болест, но вистината лежи токму во испробувањето на тестерите.

И навистина, ако не ви е природно да делите, на пример, четка за заби со некое лице, тогаш зошто не е проблем да се земе тестер на маска и да се стави на трепките?!

Дефинитивно треба да почне да се посветува повеќе внимание на ова.

Related Articles