Владата додели 800.000 евра за паралелен албански народен ансамбл

 Breaking News

Владата додели 800.000 евра за паралелен албански народен ансамбл

Владата додели 800.000 евра за паралелен албански народен ансамбл
February 08
11:07 2018

Владата на Република Македонија предводена од Зоран Заев, одлучи да даде 800.000 евра за паралелен албански народен ансамбл. Од таму во декември порачаа дека сметаат дека постои потреба од основање нова Национална установа „Анасамбл за албански народни ора и песни.

На владината седница, се разговарало и за оваа точка, по што е донесена одлука огромна сума на пари да биде дадена за ансамбл на албански народни ора и песни во Република Македонија.

Државниот секретар при Министерството за Култура, Валмир Азири, вели дека одлуката е донесена, но се очекуваат последните консултации за формирањето на законот за овој ансамбл да функционира беспрекорно.

-Првиот годишен буџет, земајќи ги предвид платите, инвестициите во костимографијата, инструментите и практичниот дел, е околу 800 илјади евра. Но, ова се пари кои варираат зависно од потребите кои се појавуваат во текот на формирањето на оваа институција, вели Азири, пренесе ТВ 21.

Related Articles