(ВИДЕО) Вучиќ: Немаме ништо против Македонија, знаеме што прават, а тоа не се прави на пријатели како нас
-Знаеме сите. Нашата контарзузнавачка служба е силна, ние знаеме што се правеле, тоа е правено на многу повиско ниво. Тоа не се прави на пријатели. Но тоа го правеле некои други во регионот кои ги предупредивме тоа веќе да не го прават.
Проблемот е што овде се направи една приказна во која Србија е вовлечена, а за што нема да дозвлам да биде вовлечена, изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ, во интервју за РТС, одговарајќи на новинарско прашање, како ја разбира изјавата на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров дека Македонија ниту наредила ниту имала намера да прислушува.
Коментирајќи ја изјавата на српскиот министер за надворешни работи дека „знаат се“, Вучиќ го пофали и рече дека тој добро си ја заврпил работата.
-Неговата работа не е да го сакате или да не го сакате туку да ги брани интересите на Србија. И тој добро ја заврпи својата работа, рече Вучиќ за РТС.
Вучиќ призна дека примемот на Косово во Унеско нема врска со овој потег на СРбија, но сепак истакна дека знаат дека Македонија ќе гласаат за тоа.
-Тоа е јасно. Рекоа не сакаат водечка улога, но не дека нема да гласат. Јас ви кажувам ќе гласат. Дали ќе бидат предлагачи, нека остане на страна, тоа е тешка позиција за нив, истакна Вучиќ, кој тука нагласли дека односите меѓу Македонија и Србија тешко дека ќе бидат на најивисоко ниво, туку на пристојно.
Тој во интервјуто „ги потсети“ граѓаните на Србија дека нивното раководство ништо не презело кога Македонија го призна Косово, иако експертите барале да се протера македонскиот амбасадор, ниту кога бил уапсен српски владика (Вранипковски-н.з.) и држен во затвор со години, ниту кога после настаните во Собранието на 27 април, запчанала хајка против службеникот на БИА деташиеран во Скопје, Живаљевиќ, дека „е всушност одговорен за тоа што се случувало во Собранието, бидејќи тоа го правел заедно со руските служби“.