ВИДЕО од полициската акција: МВР влегува во скопски локали, има приведени и 13 затворени угостителски објекти

 Breaking News

ВИДЕО од полициската акција: МВР влегува во скопски локали, има приведени и 13 затворени угостителски објекти

ВИДЕО од полициската акција: МВР влегува во скопски локали, има приведени и 13 затворени угостителски објекти
November 12
16:53 2017

Министерството за внатрешни работи заедно со пазарните инспектори, како и инспекторите од Управата за јавни приходи, синоќа спроведоа акција во угостителските објекти, објектите за забава, агенциите за обезбедување низ Скопје.

Врз основа на претходно изготвени анализи и оперативни сознанија дека во голем број угостителски објекти не се почитуваат законските прописи во поглед на работното време, точење алкохол на малолетни лица, неиздавање на фискални сметки и слично, Министерството за внатрешни работи во соработка со Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, синоќа од 22 до 04 часот преземаа мерки и активности за контрола на угостителски објекти по сите основи, при што беше извршена контрола во вкупно 24 угостителски објекти на подрачјето на СВР Скопје, рече на денешната прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

– „Во осум угостителски објекти е евидентирано присуство на малолетни лица, а приведени се четири малолетници, двајца за користење наркотични средства, а двајца за утврдување на идентитет.

Поради утврдени неправилности, затворени се 13 угостителски објекти, а на едукација се повикани пет сопственици на угостителски објекти“, рече Ангеловски.

Од страна на СВР Скопје беше спроведена и зајакната акциска контрола во врска со управувањето на возило од граѓани под дејство на алкохол, при што алкотестирани се вкупно 272 возачи и притоа кај 102 возачи е утврдено присуство на алкохол.

Констатирани се и 49 други прекршоци за што се издадени 12 мандатни и 37 прекршочни платни налози.

„Министерството за внатрешни работи во соработка со другите институции ќе продолжи со ваквите контроли и во наредниот период. Нема да биде толерирано никакво непочитување на законите“, рече Ангеловски.

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment