Велосипедисти ќе ја прославуваат 100-годишнината од тунелот кај Демир Капија

 Breaking News

Велосипедисти ќе ја прославуваат 100-годишнината од тунелот кај Демир Капија

Велосипедисти ќе ја прославуваат 100-годишнината од тунелот кај Демир Капија
June 28
21:34 2016

Велосипедската дружба по патот низ Демиркаписката Клисура ќе почне наутро на 3 јули, токму пред тунелот низ клисурата кој се наоѓа по стариот пат што поминува низ градот Демир Капија. Оттаму учесниците ќе се придвижат кон југ по 100 години стариот пат, сè до селото Миравци и локалитетот Бел Рај

657563

Пред 100 години германската армија го пробила тунелот кај Демиркаписката Клисура, на стариот пат што води кон Демир Капија, а по тој повод велосипедисти од земјава и од странство на 3 јули ќе ја поминат рутата која е популарна за вљубениците во велосипедизмот.

– Првата светска војна има оставено многубројни културни обележја на територијата на Македонија. Но овој претставува обележје кое ден-денес се употребува и создал можност за развој на Демир Капија. Па дури и нас, велосипедистите, нè привлекува како прекрасна велосипедска рута – вели Бојан Ранташа од Велосипедскиот кружок „Милтон Манаки“, во чија организација е оваа велосипедска експедиција.

fff2 ff

Велосипедската дружба по патот низ Демиркаписката Клисура ќе почне од 9.30 часот наутро, токму пред тунелот низ клисурата кој се наоѓа по стариот пат што поминува низ градот Демир Капија. Оттаму учесниците ќе се придвижат кон југ по 100 години стариот пат, сè до селото Миравци и локалитетот Бел Рај. Попатно ќе се ужива во пејзажите на Демиркаписката Клисура, а на крајот кој сака, ќе може да се избања во вировите на Стара Река.

Рутата е долга 28 километри и промовира бавен велосипедизам во кој учесниците уживаат и се запознаваат со секој поглед и со секое нешто по патот.

Пред 100 години, поточно на 1 мај 1916 година, инженерскиот вод на 11 Армија на германската војска започнал со изградбата на патот, по наредба на Вилхелм II – цар на Германија, крал на Прусија. По само два месеца и осум дена, на 8 јули 1916 година, патот бил отворен за сообраќај и со тоа се пробил патот покрај Вардар кон Гевгелија, прочитајте повеќе на http://milton.to4ak.com/

Related Articles