Васко Ефтов: Еден шарен избега од интервјуто, кој е следен? За фотеља ги продадовте вашите принципи…

 Breaking News

Васко Ефтов: Еден шарен избега од интервјуто, кој е следен? За фотеља ги продадовте вашите принципи…

Васко Ефтов: Еден шарен избега од интервјуто, кој е следен? За фотеља ги продадовте вашите принципи…
January 18
13:20 2018

(Фејсбук статус на новинарот Васко Ефтов)

“Да резмирам: До неделата имавме една ситуација кога “шарените првоборци” кажуваа дека не сакаат да гостуваат на Телевизиите и медиумите кои не се под нивна контрола за да не им даваат легитимитет.

Од неделата наваму имаме сосема друга ситуацијата – Еден од нив гостуваше на медиум кој не е под нивна контрола и избега од интервјуто.

Од неделата наваму секое нивно непојавување на медиум што не е под нивна контрола ќе значи страв од соочување со јавноста.

Од ловци, тие ќе станат “ловина”.

Ќе ги ловат за да ги прашаат зошто го менувате името, зошто ја укинавте историјата на еден народ, зошто воведувате втор службен јазик, зошто ги продадовте вашите принципи за некоја фотеља.

Тие тоа го знаат – затоа се така пеплосани. Ќе можат да се силат, да апсат и денунцираат, но нивниот меден месец истекува.

Не треба да биде некој политички експерт за да може тоа да го разбере.

Можат да го пролонгираат нивното политичко траење, но не можат да ја спречат нивната политичка агонија!”

Related Articles