ВАСКО ЕФТОВ: Албанците нема масовно да гласаат за СДСМ (Интервју за Телеграф)

 Breaking News

ВАСКО ЕФТОВ: Албанците нема масовно да гласаат за СДСМ (Интервју за Телеграф)

September 19
13:02 2016
Според Ефтов, СДСМ сега се фокусира на албанските гласови и нивната стратегија е тоа да биде партија за која најмногу ќе гласаат Албанците, но тоа засега е невозможно бидејќи во Македонија сѐ уште се гласа етнички

Срамота би било и овој пат да нема избори. Секоја политичка криза може да се реши на два начина, преку улица и вториот е на избори. Секоја нормална држава ги решава своите конфликти и проблеми на избори, вели новинарот Васко Ефтов.

Тој во интервју за Телеграф.мк објаснува дека расположението кај граѓаните денес се гледа на социјалните мрежи и низ улиците и дека тоа се рефлектира и на изборите.

Според Ефтов, СДСМ сега се фокусира на албанските гласови и нивната стратегија е тоа да биде партија за која најмногу ќе гласаат Албанците, но тоа засега е невозможно бидејќи во Македонија сѐ уште се гласа етнички.

– Длабоки се поделбите во Македонија, не во оној мејнстрим, не во оној интелектуален дел, таму дури и ќе се најдат некои точки што ги допираат Албанците и Македонците, туку во она население кое со своите цивилизациски, културолошки и политички размислувања, па дури и економски, е драматично поделено.Како вода и масло, тоа не се меша, тоа може да пробате да го измешате, но тешко се меша. Не очекувам дека Албанците масовно ќе гласаат за СДСМ – вели Ефтов во интервјуто за Телеграф.мк

Related Articles