Ужасна трагедија: Девојче (14) почина зошто итната помош нема возило да дојде по неа

 Breaking News

Ужасна трагедија: Девојче (14) почина зошто итната помош нема возило да дојде по неа

Ужасна трагедија: Девојче (14) почина зошто итната помош нема возило да дојде по неа
September 08
21:37 2017

Четиринаесетгодишната Марија Прибановиќ од село Округлица кај Трстрник почина зошто вчера вработените во Итната помош во Трстеник, по неколкуте повици од семејеството, не дошле да и пружат помош, со образложение дека немаат слободно возило на располагање.

Во домот на малата Марија вчера владееше молк. Нејзината мајка Драган, како и најблиското семејство се уште не можат да веруваат дека така брзо и на суров начин останаа без својата миленичка.

-Во средата околу 20 часот влегов дома и ја затекнав Марија со изгребани раце и нозе. Ми рече дека се сопнала и паднала по скалите. Саква да ја водам на лекар, но таа рече дека е добро и нема потреба да оди на преглед, раскажува за Курир со потресен глас, Драгана, мајката на Марија.

Паднала во несвест

Според нејзините зборови девојчето отишло да легне, а по три часа слушнала тап удар во ходникот. Потрчала и ја видела ќерка си во несвест.

-Ја масирав, се обидов да и помогнам…Отидов кај роднината и ги замолив да викнат итна помош. Никој не се јавуваше од Итната во Трстеник и тргнавме со кола кон болницата во Крушевац. Кога ја примија, веќе беше доцна, и немаше спас, со длабока тага во гласот раскажува Драгана.

Милан, братучед на Марија бил тој што кобната ноќ залудно се обидувал да ја добие Итната служба во Трстеник.

-Прво околу 23 часот мојата мајка повила Итна, па и рекоа дека нема возило, докторот бил на терен. Повикав нешто подоцна и јас. Им реков да испратат итно возило, на девојчето не му е добро. И посинеа усните. Изгледа престана да дише. На ништо ова не личи, живот на дете е во прашање, а лекарот на тоа ми рече да ја донесеме сами зошто немале санитетско возило, објаснува Милан, кој не може да верува дека здраво дете починало.

Семејството на несреќното девојче било немоќно, не знаеле како да му помогнат, а Итната од Трстеник не доаѓала.

Итно за Крушевац

-Одлучивме итно да ја однесеме во болницата во Крушевац зошто не сакавме да ризикуваме да ја носиме во Трстеник ако таму нема лекар. За разлика од медицинскиот персонал во Трстеник, во Крушевац веднаш тргнаа да ни помогнат. Тргнаа кон нас и се најдовме негде на патот. Меѓутоа тогаш веќе беше полноќ, помина еден час откако и се слоши. Направија се, но Марија по еден час по полноќ почина, низ солзи раскажува Милан, уверен дека исходот би бил поинаков ако на девојчето веднаш му била пружена помош.

Девојчето Марија Прибановиќ која на сите им беше омилена е погребана денеска. Резултатите од обдукцијата како и причините за смртта ќе бидат познати за 15 дена.

Така остана и без сопруг

Мајката на Марија, Драгана вели дека пред 10 месеци останала без сопругот кој починал од карционом на дебелото црево. Вели, и татко на Марија го изгубила на ист начин како и девојчето.

-Исто се случи и кога на мажот му се слоши. Викнавме Итна помош, а тие ни рекоа да го донесеме сами. Мојот живот е трагедија и би сакала јас да завршам во гробот наместо неа, неутешна е Драгана.

Related Articles