УЖАС! Таткото се вљубил во сопствената ќерка: Поради неа ја оставил жена си, па добиле и дете заедно! (ВИДЕО)

 Breaking News

УЖАС! Таткото се вљубил во сопствената ќерка: Поради неа ја оставил жена си, па добиле и дете заедно! (ВИДЕО)

УЖАС! Таткото се вљубил во сопствената ќерка: Поради неа ја оставил жена си, па добиле и дете заедно! (ВИДЕО)
February 05
18:54 2018

Стивен Пладл и неговата ќерка Кејти се обвинети за инцест кога неговата поранешна жена пријавила во полиција дека Кејти останала бремена од својот татко.

По нејзиното раѓање, Кејти ја оставиле на посвојување, но кога наполнила 18 години одлучила да ги пронајде своите биолошки родители за да биде во контакт со нив. Успеала да ги пронајде преку друштвените мрежи.

Пред две години дошла да живее кај нив, заедно со уште две деца, кои ги имал парот. Стивен и неговата сопруга се разделиле три месеци по доаѓањето на Кејти, а сопругата пријавила дека нејзиниот сопруг спиел со нивната ќерка.

Од другите деца дознала дека Кејти е бремена и тоа од Стивен, како и дека татко им наредил децата да ја нарекуваат својата сестра маќеа.

Го контактирала својот поранешен сопруг и тој признал дека очекува дете со Кејти и дека планираат да се венчаат.

Детето го добија во октомври минатата година, а уапсени се еден месец подоцна. Стивен излегол од затвор кога платил кауција, но Кејти и понатаму е зад решетки.

Според законот во државата Вирџинија, за инцест може да се добие од една до пет години затвор, како и парична казна до 2,500 долари.

Related Articles