Укинати домашните притвори – осомничените пренесени во затворот во Шутка

 Breaking News

Укинати домашните притвори – осомничените пренесени во затворот во Шутка

Укинати домашните притвори – осомничените пренесени во затворот во Шутка
December 01
08:40 2017

Откако Јавното обвинителство поднесе жалба до Апелација, сите шестмина осомничени за настаните во македонското Собрание на 27. април на кои им беше одреден домашен притвор, ќе бидат пренесени во затворот Шутка. 

Апелациониот суд ги прифати сите жалби на Јавното обвинителство кои беа поднесени поради одлуките на Основниот суд Скопје 1.

Жалбите биле за одредување мерка на претпазливост домашен притвор, за осомничените кои се товарат за кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Денеска во 12 часот собранието ќе одлучува за имунитетот на 6-те пратеници кои се сомничат за тероризам.

Related Articles