Убиецот на фудбалерот Мартин бил затвореник пуштен на слободен викенд

 Breaking News

Убиецот на фудбалерот Мартин бил затвореник пуштен на слободен викенд

Убиецот на фудбалерот Мартин бил затвореник пуштен на слободен викенд
November 04
23:28 2017

Убиецот на фудбалерот Мартин Јанушев одлежувал казна затвор, а за време на убиството бил пуштен на слободен викенд, објави „Макфакс“ повикувајќи се на извори во истрагата.

Се работи за 25 годишно машко лице, кое служело казна затвор во времетраење од шест години поради трговија со наркотични средства.

Полицијата сѐ уште трага по убиецот, а мотивите за убиството не се познати. Дваесет и осум годишниот Мартин бил син на полициски службеник и брат на вработен во единицата Алфи.

Тој беше застрелан вчера напладне околу 18 часот пред влезот на неговата зграда во скопската населба Аеродром.

Дел од очевидците раскажаа дека врз него било стрелано 4-5 пати во пределот на главата и вратот.

Јанушев последно играше за клубот „Локомотива“, а претходно кариерата ја градеше во клубовите Маџари Солидарност и 11 Октомври.

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment