Уапсените пучисти мораат да гледаат во сликата на Ердоган за да ја научат лекцијата(ФОТО)
July 17
23:20
2016
Војниците кои се уапсени по неуспешниот воен удар во Турција изјавилe дека мислеле дека ќе учествуваат во воена вежба.
Како што пренесува “Раша тудеј“ група од околу 678 војници и десет офицери се уапсени во текот на ноќта на аеродромот Ататурк во Истанбул.
Во текот на истрагата, многу од нив тврделе дека незнаеле дека учествуваат во обид за рушење на власта, и мислеле дека се работи за воена вежба.
Кога почнале да се качуваат луѓе по текнивите свативме што се случува, изјавил еден од војниците.
Турскиот премиер изјави дека уапсени се 2839 војници и офицери.
Најмалку 265 луѓе загинале, вклучувајќи и 104 пучисти, додека 1440 луѓе се повредени.
Обидот за пуч не успеа бидејќи војската не успеала да добие подршка од народот.