Тврдина која крие голема тајна: Еве која е вистинската причина за косовската битка!

 Breaking News

Тврдина која крие голема тајна: Еве која е вистинската причина за косовската битка!

Тврдина која крие голема тајна: Еве која е вистинската причина за косовската битка!
January 25
13:11 2018

Дали имате слушнато за градот на Момчило? На висока карпа покрај реката Нишава, е изградена воена тврдина, во денешен Пирот.

На територија на градот Пирот се наоѓа кула која се споменува уште во третиот век.

Под името Пирот прв пат се споменува во 14 век. Составен е од три целини: Горен, Среден и Долен град.

Горниот град е изграден во текот на 14 век, во време на владеењето на кнезот Лазар. Според приказните кои се пренесувале од генерација на генерација, овој град го изградил Момчило, за кој не се знае многу, освен дека живеел во 14 век и дека е запамтен како голем херој во византиските војни каде што ја заслужил титулата – деспот(царски намесник, диктатор). Иако се зборува и дека градот го изградил цар Лазар кога се подготвувал за војната со Турците.

Тврдината во градот на Момчило

Средниот град е изграден во периодот на владеењето на деспотот Стефан Лазаревиќ. Има елипсоиден облик и се спушта на подножјето на карпата. Ѕидините на средниот град биле изградени од скршен камен и биле неправилно распоредени.

Градот на Момчило

Долниот град, кој е изграден на рамна територија, како неправилен правоаголник имал три капии: Ниш, Стамбол и Књазевац, а неопходната одбрана е засилена со изграден воден канал. Во нишката капија на долниот град била пронајдена мермерна плоча со натпис – Воен командант Рахим Паша го обнови овој град во 1804

Карпи кои кријат тајна

Османлиите успеале да го освојат градот, но во 1386 година го вратил војводата Димитрија. Историчарите веруваат дека баш тоа случување била причина за косковската битка.

Тврдината била во воена употреба се до првата половина на 20 век, а денес е дел од културните споменици со голема важност во Србија.

Related Articles