Турски авиони над грчките острови во Егејско Море, ловците го нарушија без одобрение грчкиот воздушен простор

 Breaking News

August 25
00:26 2017

Турски авиони ловци повторно прелетаа над грчките острови, нарушувајќи го грчкиот воздушен простор во регионот на Егејско Море, јавија грчките медиуми. Два авиона „Ф-16“ навлегле во зоната за полетни информации над Атина.

Во 2016 година Четиринаесет турски ловци навлегле без план за летање во грчкиот воздушен простор над Егејското Море, јави АНА-МПА. Грчките власти регистрирале десет нарушувања на правилата за воздушно движење во реонот на зоната за летање над Атина и три нарушувања во националниот воздушен простор во североисточниот и југоисточниот дел на Егејското Море.

Турските авиони биле пресретнати од грчки ловци. Осум од нив учествувале во воена вежба на турските военовоздухопловни и военопоморски сили, што се одржува во југоисточниот дел на Турција крај грчкиот остров Родос. Тоа се уште едни во низата турски нарушувања на грчкиот воздушен простор, откако претходно оваа седмица исто така беа регистрирани такви нарушувања на турската воена авијација.  

Related Articles