Цеца ја покажа својата фигура – момче од Босна и остави коментар под фотографијата, а таа му возврати
Светлана Цеца Ражнатовиќ со моментов се наоѓа во Гетеборг, а на друштвените мрежи објави фотографија на која позира покрај новогодишната елка.
Во кратко фустанче покажа дека својата линија ја довела до совршенство.
Нејзините фанови не останаа рамнодушни, па оставаа коментари воодушевувајќи се на нејзиниот изглед.
Сепак, посебно се издвојуваше коментарот на извесен Ферид од Босна, на кој дури и Цеца возвратила.
-Ја заслужувате најубавата топлина, бидејќи исто така воедно со своето постоење ширите и испраќате позитивна енергија околу себе.
Таа Ваша позитивна енергија и нејзината појава Ви дава причина за живот, а тоа да на сите им посакате добро, среќа, веселба, а на нас од другата страна, тоа ни мами насмевка.
Ви посакувам многу среќа и љубов во животот – напишал Ферид во коментар.
– Многу ви благодарам, исто така и јас вам – возвратила пејачката.