Трајковска до Заев: Премиере, приберете си ги соработниците!

 Breaking News

Трајковска до Заев: Премиере, приберете си ги соработниците!

Трајковска до Заев: Премиере, приберете си ги соработниците!
September 15
22:26 2017

Водителката на вечерашната Топ тема во која гостин е премиерот Зоран Заев, Оливера Трајковска му порача да си ги прибере собратниците на социјалните мрежи.

-Не знам колку имате можност да видите што се случува на социјалните мрежи. Без да раскажувам, едноставно би ви рекла:

Премиере, приберете си ги соработниците. Дали ви е нормално дека барем попладне, луѓе кои вршат некакви задача во Владата, имаат потреба страсно и со дисквалификации да се пресметуваат на социјалните мрежи?, го праша Трајковска премиерот.

Тој се согласи дека ваквите ситуации треба да бидат зауздани и дека вработените во Владата треба постојано да бидат сервис на граѓаните.

-Да, после попладне сме дома слодбодни, но тоа не значи дека утре не сме сервис на граѓаните. Мора со почит, со респект кон граѓаните. Извршната власт е избрана за да биде сервис на граѓаните. Се согласувам со тезата. Слободата не значи дека не треба да се почитуваат граѓаните. Не треба да се влегува во конфликтни ситуации. Тој што го плаќаат граѓаните е должен да објаснува до крај, одговори Заев.

Related Articles