Теорија на заговор: Праљак го променил личниот опис и живее некаде во друга држава?
December 01
13:56
2017
Самоубиството на Праљак кој испи отров во Хашкиот трибунал привлече многу внимание во целиот регион.
Веднаш по објавата за смртта на генералот се појавија и теории за завера, дека Праљак можел да го смени личниот опис и на мира да живее во некоја друга држава.
„Можеби и навистина е исценирано, за неколку години и заборавена приказна…може слободно да се појави во својот град“ – напишал еден корисник на Фејсбук.
„Можеби човекот навистина се отрул, но можно е да е се изрежирано, а гнералот ќе добие нов идентитет и ќе живее некаде во САД, исто како што и Малдиќ ќе оди на „лечење“ во Русија“ – ова се само неколку од коментарите кои деновиве кружат на социјалните мрежи.