Татко ми Аркан е жив и живее во вилата на Цеца во Кипар….

 Breaking News

Татко ми Аркан е жив и живее во вилата на Цеца во Кипар….

Татко ми Аркан е жив и живее во вилата на Цеца во Кипар….
August 12
10:22 2016

Најстариот син на Аркан, Михајло, тврди дека татко му е жив, дека го има сменето личниот опис и дека живее на Кипар, додека Цеца кон него се однесува како кон роб.

Михајло објави слика од Цеца на собирот на трубачи во Гуча, на која по негова приказна е и Аркан, кој и ги влече торбите.

Тој смета дека токму човекот кој носи товар е неговиот татко Жељко. Тој се здебелил, го сменил личниот опис и живее на Кипар, во вилата на Цеца.

,,Сакам Србија да ја знае вистината. Имам свои луѓе на Аја Напа кои се ми пренесуваат, а потоа и јас со свои очи се уверив дека е жив.

,,Знам дека Цеца на гостите кои ќе дојдат кај неа на Кипар им го претставува како вујко, а моите пријатели често го гледаат во дворот на вилата.

,,Таа го држи Жељко во шака и го уценува. Тој веќе нема моќ, а таа тоа го користи. Како најстар син го повикувам татко ми да се врати во Србија, бидејќи подобро му е робија во затвор, отколку да и биде роб на Цеца – изјави Михајло за српски весник.

Тој тврди дека Аркан лично го има запрено неговиот полубрат Војин кој претходните месеци многу ја напаѓаше Цеца.

Во времето кога Војин јавно ја напаѓаше Цеца, таа често одеше на Кипар да се посоветува со Аркан како да го симне од грб.

,,Војин набргу престана со нападите и вети дека тоа нема да го прави повеќе – рече Михајло.

Related Articles