Таравари го испитува случајот со починатото двегодишно девојче, ќе има одговорност

 Breaking News

Таравари го испитува случајот со починатото двегодишно девојче, ќе има одговорност

Таравари го испитува случајот со починатото двегодишно девојче, ќе има одговорност
August 29
14:38 2017

Министерот за здравство Арбен Таравари во изјава дадена во Клиничкиот центар во Скопје, за случаите со починатото двегодишно дете од Охрид, бебето од Струга и трите новороденчиња, рече дека е формирана Комисија. Според првичните резултати, Таравари изјави дека бебето од Струга починало поради вродено заболување, а трите новороденчиња имале белодробно заболување.

„Формирана е Комисија во Министерството за здравство и ги чекаме резултатите од обдукцијата за починатото дете од Охрид. Имаме и извештај од дежурниот лекар. Ако има лекарска грешка за смртта на двегодишното девојче во Охрид, некој ќе мора да одговара. Ќе ги почекаме резултатите од обдукцијата и јас ќе инсистирам, доколку резултатите покажат дека се работи за лекарска грешка, да има одговорност. А за случајот во Струга ќе ви кажам дека не можам јас да одговарам за се што ќе почине, односно тоа се случува кај деца кои имаат вродени заболувања. Детето починало дома и тука мислам дека случајот е јасен“, изјави Таравари. За случајот со смртта на трите бебиња кои починаа на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, министерот одговори дека и за овој случај е формирана Комисија и дека резултатите од обдукцијата ќе и бидат достапни на јавноста. „Сите три деца имале белодробни проблеми и причина за нивната смрт не се инкубаторите. Имало слободни инкубатори и сите три бебиња биле во инкубатори. Но, би сакал да ги почекаме официјалните извештаи од обдукцијата кои ќе ви бидат достапни“, рече Таравари.

Related Articles