Сугарески: Новитети во работењето на Катастарот, Трпески: Цените на катастарските услуги драстично ги зголемуваат

 Breaking News

Сугарески: Новитети во работењето на Катастарот, Трпески: Цените на катастарските услуги драстично ги зголемуваат

Сугарески: Новитети во работењето на Катастарот, Трпески: Цените на катастарските услуги драстично ги зголемуваат
August 25
17:54 2017

Го објавуваме интегралниот текст од изјавата на Министерот за Транспорт и Врски, г-дин Сугарески по денешниот состанок со претседателот на Комората , г-дин Горан Јовановски и директорот на АКН г-дин Борис Тунџев.

„Во изминатиов период во рамки на редовните средби со граѓаните, како надлежно министерство нотиравме одредени проблеми со кои граѓаните се соочуваат при остварувањето на нивните имотни права и користењето на некои услуги од нашиот ресор, и затоа на моја иницијатива денес остваривме исклучително важна работна средба со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности и со Комората на приватни геодети. Ја користам приликата да ја информирам јавноста дека отворивме многу сериозни прашања за унапредување на геодетската политика и зголемување на ефикасноста и брзината на услугите што ќе биде во функција на квалитетно, навремено и ефикасно сервисирање на потребите на граѓаните и институциите. Најавувам реализација на уште едно предизборно ветување на новата Влада, а тоа е намалување на цените на услугите кои се во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности до 50 %, што во пракса ќе значи дека граѓаните за истите ќе плаќаат значително помали цени од досегашните. Врз основа на претходна анализа, заедно заклучивме дека постојат услови ова ветување да го реализираме без да го нарушиме финансирањето на Агенцијата за Катастар. Дополнително, во функција на децентрализирање на услугите, а со тоа и зголемување на нивната достапност, што несомнено е во интерес на граѓаните и компаниите, денес се согласивме дека е неопходно да вратиме дел од овластувањата на приватните геодетски фирми. Имено, наместо Агенцијата за катастар да има ексклузивно право за вршење на теренски работи за потребите на единиците на локална самоуправа и институциите на централната власт, заради забрзување на услугите праксата покажува дека е потребно таквите права и овластувања да ги имаат и приватните геодетски фирми, кои ќе ги исполнат неопходните услови. Впрочем, приватните геодетски фирми претходно имаа такви овластувања согласно Закон, но истите им беа одземени за сметка на Агенцијата за катастар. Ние сме убедени дека со ваквиот пристап ќе ја вратиме конкуренцијата што дополнително ќе го унапреди квалитетот на услугите. Се разбира, го отворивме и прашањето за утврдување на пазарна цена на услугите што ги нудат приватните геодетските фирми. Се согласивме долната граница на цената на услугите да остане регулирана како и досега, додека горната цена на услугите ќе биде регулирана во согласност со пазарните услови. Разговаравме и за ублажување на казнената политика и воведување на мерката опомена. Превземавме обврска да направиме одредени анализи и во најкус можен рок да излеземе со конкретен предлог кој повеќе ќе се темели на превентивни мерки и политики отколку казни по секоја цена кои беа форсирани од претходната влада. Наша цел не е да бидеме страховлада туку да останеме сервис на граѓаните и мотор на економскиот развој. Најавувам дека ваквите средби ќе станат редовна пракса бидејќи наша заедничка цел е унапредување на геодетската дејност во Република Македонија и нејзино прилагодување на потребите на граѓаните и институциите.“

Славче Трпески на прес конференција: Цените на катастарските услуги наместо да се намалуваат СДС и Сугаревски драстично ги зголемуваат

Денес министерот Сугарески најави зголемување на цените на услугите на приватните геодетски фирми за 50%, намалување на цените на услугите на катастарот за 50% односно банкрот на катастарот како и укинување на бесплатните геодетски елаборати за социјално ранливите категории, како и за  граѓаните од загрозените подрачја.

Имено на денешната прес конференција министерот Сугарески изјави дека сегашната максимална цена на услугите на приватните геодетски фирми во иднина ќе биде минимална цена, а со тоа и можноста за намалување од 50% на цените на приватните геодетски фирми кои што сега Законот ги овозможува.

Сегашното законско решение ја регулира максималната цена на услугите и дава можност за намалување на цените од услугите на приватните геодетски фирми за 50%. Со одлуката максималната цена да биде минимална цена како и укинувањето на можноста за 50% намалување на цените на услугите министерот Сугарески фактички објави зголемување на цените на услугите на приватните геодетски фирми за минимум 50%. Имено тој изјави дека сегашната минимална граница ќе биде максимална граница додека максимална граница воопшто нема да постои. Имајќи во предвид дека во поедини градови во Република Македонија има една или ниедна геодетска фирма цената на услугите во тие градови може да се покачи дури и за повеќе од 100%.

Во однос на најавата на министерот Сугарески дека ќе има намалување на цените на услугите за 50%, треба да се објасни дека сега Агенцијата за катастар и недвижности својата цена ја формира врз основа на утврдена методологија од страна на Управниот одбор на Агенцијата во кој се вкалкулирани исклучиво трошоците за секоја цена на услугата. Доколку се спушти цената под нивото на трошоците кои што ги има Катастарот за секоја поединечно услуга тоа фактички ќе значи банкрот на Катастарот. Односно неможност на Катастарот да ги одржува системите, неможност на Катастарот да ги плаќа трошоците и неможност на Катастарот да исплаќа плата на своите вработени. Би сакале исто така да информираме дека Агенцијата за катастар и недвижности на Република Македонија има најниски цени на своите услуги во Европа.

Министерот исто така денес најави и враќање на делот на надлежности кои што ги имаат Агенцијата за катастар и недвижности на приватните геодетски фирми. Фактички тоа значи укинување на бесплатните геодетски елаборати за социјалните категории на граѓани, и укинување на бесплатните геодетски елаборати за  граѓаните од поплавените подрачја.

Со ова, наместо овие категории на граѓани, кои што согласно Уставот на Република Македонија треба да бидат заштитени и згрижени, во иднина, ќе треба да плаќаат дури и зголемени цени на геодетски елаборати.“

Related Articles