Страшни фотографии: Скопје е како во гасна комора, надлежните немале волшебно стапче

 Breaking News

Страшни фотографии: Скопје е како во гасна комора, надлежните немале волшебно стапче

Страшни фотографии: Скопје е како во гасна комора, надлежните немале волшебно стапче
December 14
11:19 2017

Утрово, 14-ти декември е едно од најзагадените досега. 

Мерните станици низ Скопје покажаа екстремно загаден воздух над дозволената граница.

Скопје е на прво место во Светот по загаденост!

Максималната граница пропишана од Европската Унија за ПМ 10 честички е до 50 микрограми на метар кубен. 

Според последните мерења таа е пречекорена дури 6 пати.

Енормното загадување во Скопје што го имаше вчера, со уште поголема жестина продолжи и утрово.

Најголемо загадување, утринава, покажала мерната станица кај Ректорат. 

Таму се измерени 395 микрограми ПМ10 честички на еден метар кубен.

Неколкупати повисоки концентрации на ПМ10 честичките беа регистрирани на сите мерни станици. 

Според апликацијата Мој воздух, енормно големо загадување има и во населбата Карпош, каде се измерени 383 микрограми ПМ10 честички на еден метар кубен. 

Во Лисиче, измерени се 291 микрограми ПМ10 честички на еден метар кубен.

Максималната граница, пропишана од Европската Унија за присуство на ПМ10 честички во воздухот е 50 микрограми во период од 24 часа.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, вчера изјави дека „постапката за чиста животна средина и за чист воздух не е постапка со филмска брзина, ниту, пак, настап во риалити шоу. 

Тоа е комплексна работа на која сите треба да се посветат, а и да се откажат од едни навики, доколку се сака да се има здрава животна средина“, пишува Независен.

Една од мерките што се преземени, рече Шилегов, е затворање на печката на Дрисла, како и неколку изречени казни од страна на инспекторите кои се на терен и вршат надзор. 

Но, тој најави и нова мерки која утре ќе ја презентира на прес-конференција.

Министерот за животна средина, Садула Дураку изјави дека проблемот со загадувањето не може да се реши преку ноќ.

-Оваа Влада и Министерството за животна средина сакаат системски да ги решаваат проблемите. 

Проблемите не се решаваат преку ноќ и со волшебно стапче, вели Садула Дураку, пишува Независен.

Related Articles