Страотни детали од убиството на 12-годишното дете: Слободан го легнала на своите гради и го заклала

 Breaking News

Страотни детали од убиството на 12-годишното дете: Слободан го легнала на своите гради и го заклала

Страотни детали од убиството на 12-годишното дете: Слободан го легнала на своите гради и го заклала
August 23
16:39 2017

извршено во текот на војната во Судот во Босна и Херцеговина почна судењето на командантот Сакиб Халиловиќ наречен Киба и Елфета Весели припадничка на диверзантскиот вод на здружените единици на Липља и Каменица на Армијата на БиХ.

Судењето почна со многу контрадикторности во претходниот искази и сведоштва на првиот сведок Џевад Ходиќ. Жената монструм Елфета Весели во судница е донесена од притвор со лисици на рацете, а нејзиниот воен претпоставен Сакиб Кибо Халиловиќ на судење дојде од слобода.

Обвинението кое го застапува обвинителот Мирослав Јањиќ ја товари Елфета за убиство на 12-годишниот Слободан Станковиќ, извршено на почетокот на август 1992 година во селцето Бајриќи. Според обвинението Елфете во присуство на својот надреден Халиловиќ го убила детето.

-Го фатив за коса и го стегнав со раце, а потоа ја легнав неговата глава на моите гради и го заклав сечејќи му ги вратот и гркланот, а потоа неговото тело го отфрлила од себе, а додека ја чистела крвта од својата облека рекла: „Да му е*ем мајката, што направи од мене“, рече обвинителот Мирослав Јањиќ.

-Сакиб Киба Халиловиќ сето тоа го набљудуваше од непоредна близина и како претпоставен не го спречи злосторството, ниту подоцна ја казнил Елфета Весели, сторител на злосторство, што нему како надреден му било обврска, наведува обвинителот Јањиќ.

Обвинителот обвининението ќе го докажува со 25 сведоци, меѓу кои има и очевидец кој убиството на детето го гледал од оддалеченост од 5 до 7 метри.

Унаказеното тело на детето Слободан Станковиќ без облека, со отсечени прсти, скршени екстремитети и насилно извадени заби е пронајдено во масовна гробница во Ново Село во јули 1993 година. Погребан е на гробиштата во Дрњача.

 

Обвинетата Елфета Весели која со години се скривала, швајцарските власти ја испорачаа во Босна во март годинава. Нејзиното судење продолжува на 31 август. Обвинителот за свирепото убиство на детето ќе бара максимална затворска казна.

Related Articles