Спутник: Груевски утре ќе го објави составот на новата влада

 Breaking News

Спутник: Груевски утре ќе го објави составот на новата влада

Спутник: Груевски утре ќе го објави составот на новата влада
January 28
22:27 2017

Новата владина коалиција во Македонија ќе ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, претставници на Демократската партија на Србите, најголемата албанска партија ДУИ, а ќе им се приклучи и ДПА, тврди српскиот портал Спутник.

Коалицијата, се најавува дека ќе биде промовирана утре, откако Груевски прифатил дел од албанските барања за поголема самостојност во финансирањето на општините со мнозинско албанско население. Лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, како што пишува Спутник, се обиде да постигне договор со албанските партии, но „не доби согласност од најголемата албанска партија ДУИ, која му замери на Заев дека на изборите презел голем процент гласови на Албанците, со што нивните партии добија помалку пратеници во парламентот“.

Related Articles