Според светските метеоролози оваа зима ќе биде најчудна – што не очекува до март

 Breaking News

Според светските метеоролози оваа зима ќе биде најчудна – што не очекува до март

Според светските метеоролози оваа зима ќе биде најчудна – што не очекува до март
November 27
09:53 2017

Според метеоролозите, оваа зима ќе биде потопла од претходните. Сепак, се надеваме дека ќе биде пријатна.

Метеорологот Бранко Бјелиќ тврди дека оваа зима ќе биде нешто потопла, но дека ќе има и врнеж од снег. Како што можевме досега да забележиме, времето доста се менува.

Есента е топла, летото ладно, сѐ е некако поинаку, така што одредени промени во временските температури не треба да нѐ чудат.

Можно е зимава да биде потопла, што не значи дека нема да има и ладни периоди, као што е денешниов ден.

Врнежи од снег утрово има во Маврово и Лазарополе, а во текот на денот се очекува да се спуштат и на пониските делови особено во североистокот каде ќе се формира и снежна покривка. 

УХМР информира дека во седум часот снежна покривка од два сантиметра има само во Маврово, а најстудено било во Ѓуриште со минус два и Маврово со минус еден степен. Во другите делови е над нулата и достигнува до шест степени во Охрид, Гевгелија, Битола, Струмица и Дојран. 

Во текот на денот времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, на планините и повисоките места од снег. Попладне постепено врнежите на повеќето места се очекува да поминат во снег.

Пообилни врнежи ќе има особено во источните и североисточните делови каде ќе се формира снежна покривка локално и над 10 см снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата на воздухот преку денот ќе биде во опаѓање, па дневната ќе биде пониска од утринската и се очекува да биде во интервал од -3 до 7 степени.

Скопје, ќе има повремени врнежи од дожд, но во попладневните часови повремено ќе има услови да поминуваат во дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Температурата на возухот преку денот ќе опаѓа и ќе биде околу 1 степен.

Утре и задутре времето  ќе биде  претежно стабилно и суво со благ пораст на дневната температура.

Од  четврток се очекува нов влажен бран и пообилни врнежи, претежно од дожд.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles