Солунскиот градоначалник Бутарис доаѓа во Скопје, но не за името

 Breaking News

Солунскиот градоначалник Бутарис доаѓа во Скопје, но не за името

Солунскиот градоначалник Бутарис доаѓа во Скопје, но не за името
November 13
08:52 2017

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, в четврток ќе допатува во Скопје на средба со својот нов колега Петре Шилегов.

Но спорот за името меѓу двете земји нема да биде на агендата, иако гостинот од Грција ќе го прими целиот македонски политички врв.

„Ние не водиме надворешна политика. 

Се обидуваме преку градска дипломатија да ги зближиме заедниците од двете страни и да работиме заеднички за надминување на некои проблеми што ги имаме како соседи“, изјави Бутарис за грчкиот весник „Катимерини“.

Притоа одбивајќи да коментира во врска со името пред своето патување, иако во минатото се залагаше за композитно име од типот „Славомакедонија“.

Покрај со Шилегов, Бутарис ќе се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, а планирана е и средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Градскиот татко“ на Солун нагласи дека градот прима стотици посетители од соседната земја за „шопинг, забава и туризам во поширокиот регион“, додавајќи дека целта на неговата посета е „да се негуваат најдобри можни односи“.

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment