Следете го во живо протестот во Атина – Ечи „Македонија“ „Македонија“

 Breaking News

Следете го во живо протестот во Атина – Ечи „Македонија“ „Македонија“

Следете го во живо протестот во Атина – Ечи „Македонија“ „Македонија“
February 04
12:09 2018

Со извици „Македонија“ започна протестот „Македонија е грчка“ во центарот на Атина под силни безбедносни мерки и ангажирани 19.000 полицајци, со затворени улици и метро-станици.

Утринава, околу 1.000 луѓе од островот Крит со три брода пристигна во пристаништето Пиреја.

Повеќето од нив облечени во традиционални облека и опремени со грчки знамиња.

Вчера, во метрото во Атина се „појавија“ лица облечени во стилот на некогашните спартански борци што предизвика комични реакции и на социјалните мрежи.

На пешачки премини во Атина можат да се забележат луѓе во античка одора и шлемови.

На присутните или лично или преку снимена порака со поздравен говор ќе им се обрати познатиот грчки композитор Микис Теодоракис, а говорници ќе бидат и професор по уставно право, тројца митрополити од ГПЦ и претставници на организаторите.

Related Articles