Скопје како Токио: Скопјани започнаа со масовно купување на маски и нивно носење (ФОТО)

 Breaking News

Скопје како Токио: Скопјани започнаа со масовно купување на маски и нивно носење (ФОТО)

Скопје како Токио: Скопјани започнаа со масовно купување на маски и нивно носење (ФОТО)
December 14
12:45 2017

Загадениот воздух со високи концетрации на ПМ10 честички го направи своето. Од вчера има рекордна загаденост, а според мерењата, денеска сме најзагаден град во светот.

Вака се гледа Скопје од Водно.

Утрово жителите на Скопје, но и во повеќе градови во Македонија се разбудија во магла и смог, од коишто едвај се дише!

Исто така, ситуацијата ја влошува и палењето на материјали коишто се забранети за горење, интензивниот сообраќај и присуството на ПМ10 и ПМ2,5 честици во воздухот.

Маските на лицата на жителите во Скопје стануваат секојдневие.

Погледнете дел од фотографиите на Борче Поповски за Слободенпечат:

Социјалните мрежи вријат со коментари од загрижени граѓани во врска со енормното загадување. Загрижени мајки и татковци за здравјето на своите најмили, се погласно пишуваат дека своите деца не ги пуштаат да одат на училиште поради штетните канцерогени честички во воздухот.

И додека граѓаните се обидуваат колку можат самите да се заштитат, надлежните кои имаат обврска и ветија дека ќе го решат овој сериозен проблем, секаде гледааат политика наместо да почнат да се занимаваат со исполнување на ветеното за што беа и гласани.

Така, градоначалникот Петре Шилегов на вчерашната прес-конференција истакна дека пред се е одговорен за своите деца, но и за сите деца во градот, додавајќи дека од проблемот со загадувањето не треба да се прави реално шоу.

Шилегов наместо да се позанимава со ветените 39 мерки, од кои досега ниту една не е реализирана, оцени дека загрижените родителите биле политички мотивирани.

– Моето лично мислење е дека во добар дел т.н. иницијатива на граѓаните е евтин политички блеф на ситно популистичката политика што ја креираше ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период, а чии што стравични последици по нашето здравје ги чувствуваме токму сега. Моите информации се дека е политички мотивирана со цел да се дискредитираат и локалната и централната власт во борбата против загадувањето, рече Шилегов.

Деновиве високи концентрации на ПМ10 честичките се измерени во сите скопски општини.

Максималната граница, пропишана од Европската Унија за присуство на ПМ10 честички во воздухот е 50 микрограми во период од 24 часа, а утринава кај мерната станица кај Ректорат се измерени 395 микрограми ПМ10 честички на еден метар кубен.

Од приложените фотографии може да се увиди дека она што го дишеме можеме и да го видиме.

Погледнете ги фотографиите на НоваМакедонија:

Related Articles