Синоќа специјалците во 5 часот упаднале во домовите на дваесетина граѓани и пратеници

 Breaking News

Синоќа специјалците во 5 часот упаднале во домовите на дваесетина граѓани и пратеници

Синоќа специјалците во 5 часот упаднале во домовите на дваесетина граѓани и пратеници
November 28
08:19 2017

Власта продолжува да демонстрира сила и моќ врз пратениците и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, не земајќи го предвид пратеничкиот имунитет.

Рано утрово, по налог на јавен обвинител, уапсен е поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност во МВР Митко Чавков, дознава неофицијално Република.

Чавков е уапсен по отворена истрага за насилствата од 27 април во Собранието, каде од пониските структури од МВР беше посочен дека 2 часа не давал наредба за дејствување на полицијата, со што го довел во опасност животот на пратениците од СДСМ и на други пратеници и новинари.

Се очекува утрово Чавков да биде донесен во Кривичниот суд пред судија за претходна постапка.

Покрај Mитко Чавков, дознава Република од свои извори, неофицијално приведени се уште 15 лица, меѓу кои уште пратеници и граѓани кои се најдоа на 27 април во Собранието.

Помеѓу нив, како што дознава Република се и актерот Владо Јовановски, Горан Ангелов – Ќосето од Велес, пратеничката Жаклина Стефановска, пратениците Крсто Муковски, Саше Василевски и Љубен Арнаудов од Охрид и други, за кои ќе ве информираме подоцна.

Related Articles