Штип на нозе, од нигде-никаде пристигна Ибрахимовиќ – Откриена причината за неговата посета (фото)

 Breaking News

Штип на нозе, од нигде-никаде пристигна Ибрахимовиќ – Откриена причината за неговата посета (фото)

Штип на нозе, од нигде-никаде пристигна Ибрахимовиќ – Откриена причината за неговата посета (фото)
January 29
20:18 2018

Златан Ибрахимовиќ, еден од најдобрите фудбалери во светот, се наоѓа во мистериозна посета на Македонија, а фановите веќе почнаа да прават фотографии со него.

Швеѓанецот е во Штип, а забележан е во еден од локалните ресторани.

Сместен е вo локален хотел, а според првичните информации ќе остане во нашата земја до вторник.

Меѓу оние кои направија фотографија со Ибра е и македонскиот ракометен репрезентативец, Мартин Поповски, јавува спортсскиот портал Гол.мк

Што ли бара еден од најдобрите светски голгетери во Македонија? Неофицијално, тој е пристигнат на лов, но сѐ уште нема потврда на оваа информација.

Во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи се појавија фотографии од популарниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ дека е во Македонија .

Порталот Поглед.мк информираше дека Златан Ибрахимовиќ е во Македонија и тоа во градот Штип но причината за неговото доаѓање ја открива порталот Екипа.мк.

Тој е дојден на лов, и треба да остане и во наредните неколку денови, а дел од најсреќните штипјани имаа и можност да се фотографираат за спомен со легендарниот напаѓач.

Швеѓанецот е најновата фудбалска ѕвезда која доаѓа во Македонија на лов, откако претходно беа и Единсон Кавани, Диего Милито…

Related Articles