Шокантни детали за животот на семејството на Трамп – Доналд одвај го познава својот син, а со Меланија нема живеено 8 месеци?

 Breaking News

Шокантни детали за животот на семејството на Трамп – Доналд одвај го познава својот син, а со Меланија нема живеено 8 месеци?

Шокантни детали за животот на семејството на Трамп – Доналд одвај го познава својот син, а со Меланија нема живеено 8 месеци?
January 05
10:37 2018

Откако неодамна беше објавена книгата „Оган и гнев“ која се занимава со животот на Трамп, страстите во јавноста не се смируваат.

Книгата која ја потпишува Мајкл Волф е преполна со неверојатни детали за секојдневието на американското семејство, а голем дел од медиумите се полни со  наслови за односите на Доналд и Меланија.

Како што се нагласува во книгата, Меланија и Доналд не го делеле домот додека живееле во Њујорк. Како што се наведува, тие со денови воопшто не се гледале, дури ниту кога биле во исто време во зградата. Авторот вели дека тие поминуваат многу малку време заедно, а пред да стане Трамп претседател, Меланија наводно често не знаела каде и се наоѓа сопругот.

„Бракот на Доналд Трамп е збунувачки за сите околу него. Тој и Меланија заедно поминувале релативно малку време. Се случувало со денови да нема никаков контакт, дури и кога и двајцата се наоѓаат во кулата на Трамп.“, напиша Волф.

Доколку е тоа вистина, Меланија и Доналд навистина започнале да живеат заедно дури во јуни минатата година, кога таа и нивниот син се вселиле во Белата куќа по завршување на учебната година.

Како што вели авторот, Доналд наводно бил отсутен во текот на големиот дел од животот на нивниот 12-годишен син Барон. Меланија својот живот го фокусирала на тоа како ќе го одгледа својот син, поради што Волф тврди дека таа била загрижена дека животот во Белата куќа ќе и го уништи секојдневието која таа го создала.

Оваа книга предизвика бура во јавноста, па на социјалните мрежи се огласија Трамп и портпаролот на неговата сопруга Меланија.

„Не му дозволив пристап во Белата куќа на авторот на таа измамничка книга! Никогаш не сум разговарал за потреба на таа книга. Таа содржи лаги, погрешни гледишта и извори кои не постојат.“, напиша Трамп на Твитер.

И Стефани Гришам, портпарол на првата дама на Америка се огласи поради овие шокантни детали од книгата.

„Госпоѓа Трамп ја поддржува одлуката на својот сопруг да се кандидира за претседател, всушност таа го охрабрила тој да го направи тоа. Била убедена дека тој ќе победи и била многу среќна кога се случило тоа.“, вели Гришам.

Related Articles