Шест фактори кои влијаат на способноста за доживување на оргазам

 Breaking News

Шест фактори кои влијаат на способноста за доживување на оргазам

Шест фактори кои влијаат на способноста за доживување на оргазам
November 07
21:19 2016

Дали некогаш сте биле сексуално возбудени, а не сте биле во можност да доживеете оргазам? Сте се запрашале ли зошто е тоа така?

Институтот Кинсли укажува дека 20 до 30 проценти од жените немаат оргазам за време на сексот, во споредба со само 5 проценти од мажите. Мажите и жените кои не се во состојба да ја задржат ерекцијата или да постигнат оргазам соодветно, обично се етикетираат дека имаат некој вид на сексуална дисфункција. Сепак, неможноста за оргазам може да биде предизвикана од повеќе прашања почнувајќи од физиолошки па се до психолошки.

3. Депресија

Депресијата влијае на нашето расположение , па дури и на желбата за секс. Едно истражување од 2000-тата година во „American Family Physician“ открива дека 70 проценти од возрасните кои се соочуваат со депресија и притоа не добиваат никаков третман, имаат проблем со својот сексуален нагон.

Тоа е затоа што сексуалната желба започнува во мозокот, бидејќи половите органи се потпираат на хемикалиите во мозокот за поттикнување на либидото и промена на протокот на крвта. Депресијата ги нарушува овие хемикалии во мозокот, правејќи да биде потешко да се иницира сексуалната активност и да се ужива во неа.

4. Хронична болка

Повеќе од 75 милиони луѓе живеат со постојани или исцрпувачки болки, според Националниот фонд за болка, кои често може да доведат до намален сексуален нагон. На луѓето кои страдаат од хронична болка им е тешко да чувствуваат задоволство за време на сексот, бидејќи телото ги боли цело време, иако со оргазмот може да се ублажат некои болки.

5. Лекарства

Лековите имаат тенденција да бидат меѓу најчестите причинители за сексуални проблеми. Тие се одговорни за околу еден на секои четири случаи на сексуална дисфункција. Едно истражување од 2002-рата година објавено во „Family Practice“ покажува дека статините и фибратите (кои се користат за намалување на штетниот холстерол ЛДЛ) предизвикуваат еректилна дисфункција, односно нивото на сексуално задоволство се намалувало заедно со холестеролот ЛДЛ.

6. Негативна слика за вашето тело

Кога се чувствувате добро во вашето тело, тогаш се чувствувате добро и психолошки. Поврзаноста помеѓу умот и телото е неизбежна во сексуалното задоволство. На пример, доколку немате убаво мислење за вашето тело ќе ви биде потешко да уживате во сексот и да имате оргазам.

Едно истражување од 2009-тата година во „The Journal of Sexual Medicine“ ни открива дека жените помеѓу 18 и 49 години кои имале високо мислење за своето тело биле повеќе сексуално задоволени. Позитивните мисли поврзани со тежината, физичката состојба, сексуалната привлечност и помислата на нашето тело за време на сексот помага во промовирањето на здраво сексуално функционирање.

Related Articles