„Седмица“ се огласи за труењето: Не сме виновни, владее епидемија на стомачен вирус.

 Breaking News

„Седмица“ се огласи за труењето: Не сме виновни, владее епидемија на стомачен вирус.

„Седмица“ се огласи за труењето: Не сме виновни, владее епидемија на стомачен вирус.
August 23
14:51 2017

Ресторанот за брза храна „Седмица“ по 4 дена молк се огласди со соопштение. Тие тврдат дека не се одговори за наводното труење со храна на 26 лица. Во прилог испраќаат лабораториски наоди за кои велат дека се потврда дека храната и објектот се целосно исправни.

„ Сакаме да ве известиме и воедно да ви  се извиниме за 4 дневниот молк од наша страна за настанатата ситуација. Поради сензитивноста на работата и ситуацијата сметавме дека е најдобро да ве информираме кога официјално ќе се добијат резултатите од ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ и Државниот Санитарен инспекторат.

Бевме обвинети за труење со храна и веднаш медиумски нападнати во една потполно непозната ситуација з анас во тек на нашето 30 годишно беспрекорно работење. Ве известуваме дека по направените испитувања на примероците од храна и брисеви од работни површини и вработени, констатирано е дека храната ги задоволува сите стандарди и прописи за микробиолошка исправност“м, известија од Седмица.

„Сакаме и да им се извиниме на сите наши потрошувачи кои се пријавиле со стомачни потешкотии и имале конзумирано наша храна, меѓутоа не можеме да го занемариме и фактот дека се ова се случува во денови на голема епидемија на стомачен вирус“ , соопштуваат од ресторанот.

Од таму велат дека по завршувањето на целокупната процедура очекуваат ресторанот во Карпош 3 да биде отворен. 

Related Articles