Се подготвуваат изменини во Законот за административни службеници

 Breaking News

Се подготвуваат изменини во Законот за административни службеници

Се подготвуваат изменини во Законот за административни службеници
October 19
13:14 2017

Делот од испитот за проверка на интелектуалниот капацитет и тестот на личност, содржани во актуелниот закон само ја усложнуваат постапката за селекција на кандидати за вработување, а притоа значително не придонесуваат за вработувања врз основа на заслуги.

Нецелисходни се и барањата за меѓународно признатите сертификати за познавање на еден од трите светски јазици, што претставува и финансиско оптоварување за кандидатите без извесност за сигурно вработување, пишува Правдико.мк

Во однос на постапката за унапредување, сегашното ригидно решение согласно кое административен службеник може на интерен оглас да се унапреди само во едно повисоко ниво доведува до неможност за кариерен развој на административни службеници кои подолго време се на најниски нивоа во рамки на категоријата.

Во Законот е регулирано дека оценувањето резултира со мерки за одличен и слаб ефект.

Ако целта е подобрување на работењето на администрацијата и на услугите, тогаш сигурно овие мерки не придонесуваат за остварување на истата. 

Предложените изменувања и дополнувања на Законот за административни службеници имаат за цел подобрени и поедноставени постапки за селекција, унапредување и оценување на административните службеници, со што ќе се зголеми бројот на компетентни кандидати за вработување, но ќе придонесе и за задржување на квалитетни и мотивирани вработени во јавната администрација во Република Македонија. 

Временската рамка за изготвување на предлог законот е до 08.09.2017 година, пишува Правдико.мк

Related Articles