Се огласи Силјановска: Од мене, ниту било ниту ќе биде фикус, сум била и ќе останам своја

 Breaking News

Се огласи Силјановска: Од мене, ниту било ниту ќе биде фикус, сум била и ќе останам своја

Се огласи Силјановска: Од мене, ниту било ниту ќе биде фикус, сум била и ќе останам своја
February 19
19:38 2019

АЛИСА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – ЗЕМЈАТА НА ФИКУСИТЕ!

Во долгата листа на изборни начела и стандарди, вградени во бројните изборни документи, заслужено место има оној за нужноста од неутрално однесување на државните органи и медиумите во изборниот процес.

Ама, јас, Гордана Силјановска–Давкова, уште од 31 јануари, станав подвижна мета на видеократијата, креирана од неброените провладини медиуми.

Но, по 16 февруари, по одржувањето на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за претседател, дури и владата и премиерот се нафрлија со отровни „политички“ стрели врз мене.

Вториов, ту како прв меѓу (не)еднаквите министри, ту како лидер на СДСМ, заборави на кршењето на копенхашкиот императив за одвојување на државата од партијата!

Невиден „изборен“ феномен е партиски портпарол да излезе на прес-конференција со компаративна „анализа“ на мојот политички профил, спореден со оној на с’е уште актуелниот претседател, а претседателот на СДСМ, злоупотребувајќи ја државната функција премиер, да ме портретира низ призма на божемната заложба за живот, со право на см р т!

Се разбира, природно е млад партиски фикус да има фикусоидни асоцијации за други.

Уште поприродно е главниот политички градинар на бесплодната парламентарна плантажа со над 81 фикусова билка да се плаши од политички кактус(и).

Од мене, ниту било ниту ќе биде фикус.

Јас никогаш во животот, ниту дома, ниту на работа, ниту во рамките на кусото членување во Либералната партија и како нејзин претставник во двете години министерување во првата политичка влада, не сум била фикус.

Сум била и ќе останам своја.

Му припаѓам на родот на кактуси кога се во прашање критичката мисла и акција.

Но, Волтер не го заборавам, и затоа не нишанам по личноста, туку по ставот!

Едно е јасно: homo Macedonicus за да стане homo Europicus ќе мора да ги смени бесплодните политички фикуси со кактуси!!!

Related Articles