Ружица го сподели искуството – Еве колку може да заработите на брод
Заминувањето на брод e работа од соништата за многумина, пред се млади. Едни веруваат дека тоа е одличен начин за брза заработка, други во тоа гледаат единствен начин да патуваат но и засекогаш да останат во странство.
Меѓутоа, малку се зборува за тоа колку се работи на бродови, но и колку навистина може да се спечали.
Одговорот, барем за делот околу платите е ист како и за повеќето работи во странство – ќе заработите онолку колку сте подготвени да работите.
За оние кои го потпишат првиот договор просечната месечна плата е од 1000 до 1200 долари. Како се напредува, платата расте, а за просечен договор кој трае шест месеци може да се заработат до 7000 евра.
Количината на заработени пари значајно се менува и во однос на тоа за која позиција аплицирате.
Препораката на многумна кои зад себе имаат неколку сезони на брод е да барате работа на бармен, посебно ако сте на голем брод бидејќи додека храната е пресметана во цената на аранжман пијалокот се плаќа и остава можност за бакшиш, а некаде и работа на процент.
Заработката зависи и од тоа дали ангажманот е на прекуокеански или речен брод.
Прекуокеани воглавно во лето пловат по Европа за да потоа тргнат на Карибите или кон Мексико.
Работодавците на нивните вработени им нудат договори на подолг период, а исплатата е во долари.
На речните бродови воглавно се добива фиксна плата, а бакшиш се дели меѓу вработените и нјаголема разлика прави тоа за која компанија работите-ако гостите се Американци тогаш може да сметате на добар гратис, додека како се сведочи Европјаните обично се помалку дарежливи.
-Со добра организација се може да се постигне. Парите и почитта кои таму ги добиваш не може да се спореди со она што се работи кај нас. Најлошо сепак е што немаш слободен ден толку месеци.
Но, го прифатиш тоа во глава и продолжуваш со работа. Мислам дека тој психички момент е потежок, раскажува Ружица од соседството која после три шест месечни договори успеала да заработи и да си купи стан во Белград.
Заработката на речни бродови е нешто помала, но условите за работа се подобри и договорите се на пократок период. Меѓутоа, често еден од условите е познавање на италијански, германски или англиски јазик.
Се работи од 10 до 13 часа дневно, и воглавно цела недела, без слободен ден.
Интересно е и тоа дека ако прв пат почнувате со ваков вид на работа на некој брод и буквално тргнувате од нула без разлика дали сте имале работно искуство или не. За почетници се резервирани најниските позиции, а потоа се зависи од тоа како ќе се покажете.