Русија условно дисквалификувана од ЕУРО 2016

 Breaking News

Русија условно дисквалификувана од ЕУРО 2016

Русија условно дисквалификувана од ЕУРО 2016
June 15
13:18 2016

Фудбалската федерација на Русија ја доби последната опомена пред исклучување од Европското првенство поради дивеењето на руските навивачи.

Русите од УЕФА добија „суспендирана дисквалификација“ која ќе биде активирана при првиот следен инцидент во кој ќе учествуваат руските навивачи.

Предупредувањето од УЕФА стигна откако во Москва беше најавено дека сите спортски функционери и федерации мораат да вложат максимални напори навивачите на Русија да не прават инциденти, како на Европското првенство во Франција.

Навивачите на Русија на самиот почеток на ЕУРО 2016 учествуваа во инциденти во Марсеј пред и по натпреварот со Англија.

Русија следниот натпревар (втор на ЕУРО 2016) го игра утре во Лил против Словачка.

Related Articles