Путин заплива во замрзната вода по Светиот Крст, ја слушна Богојавленската литургија па нурна во ледената вода (ВИДЕО+ФОТО)

 Breaking News

January 19
10:17 2018

Портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател учествувал во богојавленското капење, нуркајќи во ледената водат на езерото.

-По повод празникот Богојавление Путин отслуша дел од литургијата и учествуваше во богојавленското капење во езерото Селигер, изјави Песков.

Тој додаде дека Путин отишол во Тверската област, каде го посетил машкиот манастир Нило-Столбенска пустина.

Песков додаде дека ова не е прв пат рускиот лидер да учествува во богојавленоското капење.

Руската државна телевизија снимаше додека Путин влегува во ладната вода на езерото, на околу 400 километри северно од Москва, јави агенцијата Ројтер. Температурата на возухот била околу 6 степени Целзиусови под нулата.

Путин на Богојавление заплива во замрзната вода по светиот крст

Претседателот на Русија, Владимир Путин заплива во замрзнатата вода на езерото Селигер по светиот крст, што е ритуал на православните христијани.

Related Articles