Путин му одобри на Стивен Сигал руско државјанство!
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој на холивудскиот актер Стивен Сигал му се одобрува руско државјанство, објави денеска Кремљ. Стивен често пати последниве години престојувал во Русија каде што заедно со Путин присуствувале на неколку настани поврзани со боречки вештини. Стивен иако има 64 години, тој е познат актер кој ја брани политиката на Владимир Путин.
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Сигал бил „долго време заинтересиран за руско државјанство“.
– Сигал е познат по тоа што има убави чувства кон Русија, никогаш тоа не го криел, а тој е многу познат актер. Сето тоа даде основа да му се додели руско државјанство – изјави Песков.
Ројтерс потсетува дека во 2013 и францускиот актер Жерар Депардје доби руско државјанство.