Прв снег и во Македонија на високите планински врвови

 Breaking News

Прв снег и во Македонија на високите планински врвови

Прв снег и во Македонија на високите планински врвови
September 21
16:30 2017

Мала снежна прекривка, иако сеуште календарски е лето, има во планинските предели каде надморската висина е над 2500 метри, пренесува SkiMacedonia. Со последното заладување, врнежите од дожд биле заменети со малку снег, и тоа во региони на Пелистер, Кораб и Шар Планина.

Мала снежна прекривка, иако се уште календарски е лето, има во планинските предели каде надморската висина е над 2500 метри. Со последното заладување, врнежите од дожд биле заменети со малку снег, и тоа во региони на Пелистер, Кораб и Шар Планина.

 

Денес денот го започнуваме со посвежо утро со утрински температури кои што се во опаѓање. Од сателитската слика во 6 часот се гледа дека во југозападните, западните и северозападните предели имаме зголемена облачност, а во останатите предели односно во источната половина претежно сончево време.

Во Македонија во денес по свежото утро со утрински температури кои што се во опаѓање и се движат во интервал од 5 до 13 степени. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо време со осетен пад и на максималните дневните температури, но во попладневните часови во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно време со врнежи од дожд. Во текот на денот ќе дува доумерен засилен западен и северозападен ветер.

Максималните дневни температури денес ќе достигнат до 11 односно до 25 степени. СКОПЈЕ – Во Скопје денес ќе преовладува умерено облачно време со повремени сончеви периоди, попладне услови за локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 11 степени, а максималната дневна ќе достигне до 20 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во петок свежо утро со утрински температури од 5 до 13 степени, а во текот на денот ќе биде умерено облачно време со сончеви периоди, ветровитро и свежо време со дневни температури кои што ќе се движат во интервал од 12 до 25 степени.

Во сабота и недела невообичаено свежо утро со за овој период од годината со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од 1 до 10, односно од 2 до 11 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и пораст на дневните температури кои што ќе се движат во интервал од 14 до 27 односно од 15 до 28 степени.

Во понеделник потопло утро со минимални температури од 5 до 14 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и дневни температури која што ќе бидат во пораст и ќе достигнат од 16 до 29 степени.

Related Articles